Првите 30 машини пристигнаа за фабриката на „Џонсон контролс“ во Штип, од вкупно 300 колку што се планирани за оваа инвестиција. По Нова година, во реновираните хали од бивша штипска „Македонка“ компанијата ќе стартува со пробно производство на автомобилски навлаки за седишта. Следува период на обука на работниците, која ќе трае два месеца, бидејќи тие до стартот на фабриката мора да бидат високо обучени за ова производството, што се базира на строги и високо квалитетни нормативи. Првите навлаки што ќе бидат произведени во неа ќе одат во халите на „Фолксваген“, БМВ, „Форд“, „Ситроен“. Според плановите, во октомври идната година, компанијата официјално ќе почне да работи, а вкупниот број вработени се планира да изнесува 1.400.
Првите 30 машини пристигнаа за фабриката на „Џонсон контролс“ во Штип, од вкупно 300 колку што се планирани за оваа инвестиција. По Нова година, во реновираните хали од бивша штипска „Македонка“ компанијата ќе стартува со пробно производство на автомобилски навлаки за седишта.
Како што јавија некои медиуми, следува период на обука на работниците, која ќе трае два месеца, бидејќи тие до стартот на фабриката мора да бидат високо обучени за ова производството, што се базира на строги и високо квалитетни нормативи. Првите навлаки што ќе бидат произведени во неа ќе одат во халите на „Фолксваген“, БМВ, „Форд“, „Ситроен“.
Според плановите, во октомври идната година, компанијата официјално ќе почне да работи, а вкупниот број вработени се планира да изнесува 1.400.